Грција веројатно пред нови рестрикции
Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција, претпладнево одржува состанок на кој ќе се разгледа епидемиолошката слика во земјата, а сѐ поверојатно е дека Грција се наоѓа пред нови рестрикции што би важеле до средината на март, јави дописничката на МИА од Атина.
Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони во интервјуто за телевизијата „Скај“ утрово рече дека ги очекуваат препораките од епидемиолозите во однос на забраната за движење на граѓаните, а ја остави отворена можноста да има измени во опцијата за физичка активност.
За време на карантинот, за граѓаните во Грција задолжително е испраќање смс порака за движење со шест конкретни опции, а она што го спомена Пелони е измени за кодот шест, односно физичката активност да важи само за движење пеш, а не и за со автомобил.
Опцијата под број шест, голем број граѓани ја користеа за прошетки со автомобил, како до плажите, така и до планините во рамките на регионот во кој што живеат, со оглед на тоа дека е забрането движење меѓу региони.
Пелони повтори дека и понатаму приоритет на Владата е да се отворат малопродажбата и училиштата.
Грција од 7 ноември 2020 година е во карантин и со воведен полициски час, додека пак областа Атика, поширокиот регион на Атина е во строг карантин веќе 20 дена, меѓутоа се чини дека мерките и „локдаунот“ се само теоретски, бидејќи е зголемена раздвиженоста на граѓаните, а вчерашниот број нови случаи (2.353) е на ниво на 21 ноември минатата година.
Особена загриженост предизвикува ситуацијата во Атика, каде што и покрај рестрикциите и продолжениот полициски час за викендите (од 18 наместо од 21 часот), секојдневно, половина од новозаразените се токму во поширокиот регион на Атина, а речиси се исполнети какапцитетите на ковид креветите во болниците.
Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, на редовната прес конференција за пандемијата, попладнево ќе го презентира владиниот план за дополнително зајакнување на здравствениот систем, а веројатно е дека тогаш ќе бидат соопштени и новите мерки.
Ново на Сител
-
Во Полска уапсени 75 луѓе поради дистрибуирање на детска порнографија
-
Пронајдени и вратени на родителите две загубени деца во Скопје
-
Додека бегал од полиција фрлил автоматска пушка, уапсен 20 годишник од Гостивар
-
Пилотите на Формула 1: Време е да бидеме третирани како возрасни
-
Бронзен медал за Стефан Михајловски на ЕП во кик бокс
-
Среде Атина Илиоски го победи Гркот Филис Христос и ќе се бори за злато на Европското кик бокс првенство
-
Ван Нистелрој за останувањето во Манчестер: Ќе видиме што носи иднината кога ќе се чујам со Аморим
-
Јаневска најави затворање на два института поради нерегуларности