Грција веројатно дополнително ќе ги олабави рестрикциите за вакцинираните
Укинување на забраната за стоење во кафулињата и угостителските објекти и зголемување на бројот на гледачи на спортските натпревари се можните мерки што според грчките медиуми, се разгледуваат во Грција, мерки кои се однесуваат само на вакцинираните, јави дописничката на МИА од Атина.
Надлежната комисија на епидемиолози, во среда ќе го одржи редовниот состанок за да ја разгледа епидемиолошката слика во земјата и евентуално да препорача дополнително олабавување на мерките воведени за време на новогодишните и божиќните празници.
-Главната дискусија со другите министри за здравство на ЕУ е дека постепено треба да се вратиме во нормала во време кога мутацијата Омикрон е опасна, но го нема разболувањето на мутацијата Делта. Во комбинација со притисокот врз нашиот Национален здравствен систем, ќе одиме кон олабавување на мерките со цел брзо враќање во нормала за вакцинираните граѓани, објасни Плеврис.
Од почетокот на пандемијата во Грција се регистрирани вкупно 2.174.093 случаи на Ковид-19, починаа вкупно 24.754 лица, а вчера, по подолг период, бројот на пациенти приклучени на апарат се намали на под 500.
Ново на Сител
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки