-->
-->
Грција трага по брод со околу 200 мигранти покрај островот Крит
-->
Грција испрати два брода во потрага по бродот, кој превезувал околу 200 мигранти, а кој дал сигнал за несреќа во близина на островот Крит, пренесува БТА.
Танкер, кој плови под грчко знаме и товарен брод со панамско знаме, кои биле во близина на таа област се насочени кон местото на околу 80 морски милји од островот Крит во територијалните води на Либија, изјави портпаролот на крајбрежната стража Никос Лагкадианос.
Тој нагласи дека патник испратил сигнал за трегова, кој бил добиен од крајбрежната стража. - Се уште ништо не сме забележале, додаде портпаролот.
Грчката крајбрежна стража соопшти претходно денеска дека следи брод, за кој се смета дека има проблеми и кој превезува голем број мигранти во меѓународните води јужно од Крит.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Општина Карпош: Диво изграден ноќен најавува настапи на Беквалац, Розга и Георгиев
-
Европол разби голема хакерска мрежа
-
Приведен штипјанец кој возел со 1,81 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова во посета на Италија и на Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“
-
Два случаи на мајмунски сипаници потврдени во Македонија
-
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во официјална посета во Скопје
-
УКИМ одбележува 76 години од основањето и патрониот празник Денот на светите Кирил и Методиј - 24 Мај
-
Г7 се обединуваат за да ги стабилизираат пазарите