Грција со два авиони ѝ помага на Франција во гаснењето на пожарите
Грција вчера испрати во Франција два авиони од типот Канадер (Canadair CL-415) за да помогнат во гаснењето на пожарите, јави дописничката на МИА од Атина.
Авионите беа испратени откако француските власти преку Европскиот механизам за цивилна заштита и rescEU побараа помош за справување со големите шумски пожари, особено во југозападниот и југоисточниот дел на земјата.
-Од првиот момент кога беше активирано барањето, по наредба на министерот за климатски кризи и цивилна заштита, Христос Стилијанидес, Грција ги стави на располагање двата авиони, кои веќе пристигнаа во Франција, соопштија од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција.
Ова е втор пат годинава Грција да испрати помош за Франција во справувањето со шумските пожари.
Помош на Франција веќе ѝ понудиле Шведска, Полска, Германија, Романија и Австрија.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.