Грција потврди дека добила барање за екстрадиција на осуммината Турци
Дипломатски извори за „Катимерини“ потврдиле дека грчкото МНР го добило барањето од Анкара за враќање на осуммината турски офицери кои избегаа во Грција со хеликоптер по неуспешниот државен удар во Турција минатиот месец.
Министерството за надворешни работи го препратило барањето до Министерството за правда, додале изворите.
Обвинител од Истанбул го испратил барањето за екстрадиција на офицерите во вторникот. Во барањето се нотира дека офицерите, кои во моментов во притвор во Грција чекаат одговор на нивните барања за азил, се соочуваат со обвиненија за кршење на турскиот Устав, за обид за убиство на претседателот, и злосторства против турската Влада.
Турските медиуми кинатата недела информираа дека Анкара поднела официјално барање до Грција за екстрадиција на осуммината Турци кои избегаа во Александропулос.
Сите осуммина ги отфрлија обвиненијата и велат дека се плашат дека ќе бидат убиени ако се вратат во Турција. Нивниот грчки адвокат, Ставрула Томара, тогаш за „Катимерини“ изјави дека нејзините клиенти само следеле наредби од нивните претпоставени и немале никаква поврзаност со државен удар.
Таа, исто така, инсистираше на тоа дека било невозможно тие да биле вклучени во обидот за атентат против Ердоган, затоа што биле 30 километри североисточно од Истанбул што е далеку од Мармарис, каде што турскиот претседател се наоѓал за време на државниот удар.
Томара исто така изрази стравување дека Турција ќе го искористи прашањето за екстрадиција за да се укине договорот меѓу Брисел и Анкара од март минатата година за мигрантската криза.
Ново на Сител
-
Градежен работник починал од струен удар
-
ЕП: Албанија е единствена земја на Западен Балкан каде сите политички актери се проевропски
-
ЕЦХР изрече две пресуди против Русија поради кршење на меѓународното право во Украина
-
Мизрахи: Од сега, до шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување
-
Зеленски повика на „болни“ санкции за Русија по масовниот напад со дронови
-
Усвоен Извештајот на Вајц за Македонија
-
Приведен газдата на депонијата во Визбегово, еден пожарникар повреден при интервенцијата
-
„Ер трактор“ вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово