Балкан
28. May 2020 - 10:36

Грција поделена на три зони на ризик од Ковид-19

Грчката влада со посебна подготовка за туристичката сезона оваа година. Земјата е поделена на три зони на ризик врз основа на достапноста на здравствените установи и капацитетите за тестирање и лечење од вирусот Ковид-19.

grcija-podelena-na-tri-zoni-na-rizik-omilenite-letuvalista-na-makedoncite-se-bezbedni-01.jpg

Трите зони на ризик од Ковид-19 се следни:

Зона А е зоната со низок ризик:

Ги опфаќа копнените делови од Грција и островот Крит каде постои развиен здравствен систем и од сите дестинации има лесен пристап до здравствени установи – истите се оддалечени максимално два часа со брод или автомобил. На оваа зона припаѓаат и островот Евија и островите Егина, Порос, Агистри, Хидра и Спецес (најблиски до Атина).

Тука се секако вклучени летувалиштата на Халкидики и областа Пиериа. 

grcija-podelena-na-tri-zoni-na-rizik-omilenite-letuvalista-na-makedoncite-se-bezbedni01.jpg

Зона Б е зона со умерен ризик:

Ги опфаќа островите Санторини, Парос и Родос како и Североисточните Егејски острови (Хиос, Самос, Икариа, Лимнос, Лезбос).

grcija-podelena-na-tri-zoni-na-rizik-omilenite-letuvalista-na-makedoncite-se-bezbedni02.jpg

Зона Ц е зона со висок ризик:

Островите и дестинациите кои имаат само основна здравствена инфраструктура или ја немаат воопшто. На овие дестинации Ковид-19 ќе се санира со помош на пловечки медицински единици организирани од Националната организација за јавно здравје.

grcija-podelena-na-tri-zoni-na-rizik-omilenite-letuvalista-na-makedoncite-se-bezbedni01_1.jpg

Во меѓувреме, Националниот центар за итна помош, почна со спроведување на својот акционен план за островите нарачен S.A.F.E., чија цел е да се осигура подготвеност на болниците, здравствените домови, регионалните и островски клиники, крајбрежната стража. Властите обезбедуваат обука на сите здравствени работници за корона вирусот.