Грција: Откриени затајувачи на данок преку објавени фотографии од лускузна свадба на социјалните мрежи
Со помош на специјален софтвер за скенирање на социјалните мрежи и со употреба на алгоритам за идентификација, Управата за јавни приходи на Грција (ААДЕ), открила низа случаи на затајување данок за време на луксузна свадба, јави дописничката на МИА од Атина.
Детали од свадбата поврзани со организацијата, венчаницата, изгледот на невестата, пејачот и сл, биле објавени на социјалните мрежи, по што од ААДЕ откриле дека никој од нив или не издал соодветни сметки или не платил соодветен данок.
Како што објавија грчките медиуми, било откриено дека гостите ги забавувал познат грчки пејач, кој на задолжителната платформа не го пријавил конкретниот настап, организаторот на свадбата воопшто немал фирма за конкретната активност, продавницата за венчаници не издала сметка за фустаните што ги изработила, фризерскиот салон немал фискална каса, за шминката на невестата не била издадена фискална сметка итн.
Голем дел од споменатите услуги, освен за конкретната свадба, на социјалните мрежи се рекламирале и за други свадбени прослави во минатото.
Ново на Сител
-
Апелација: Васил Јованов осуден со 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело
-
Се заглавил во машина за правење бетон, 35-годишен работник од Бангладеш загина во кратовско
-
Семејството на Васил: Васил го украл автомобилот
-
Наставник со тврд предмет тепал ученик во средно училиште во Кочани
-
Попов: Точно е дека на 18-години направив грешка која, за жал, имаше последици
-
Герасимовски: Ja отстранувамe дивата депонија во Буњаковец, следува дезинфекциja
-
Јанев: Над 240 лажни дојави за поставени бомби
-
РКЕ: ЕВН Хоме да ги корегира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови