Грција не ја признава одлуката на Путин за присоединување на украинските територии
Оваа одлука е нелегална, бидејќи е флагрантно кршење на меѓународното право и неважечка. Грција не ја признава, соопштија од грчкото МНР за обраќањето на претседателот на Русија и за одлуката за присоединување на украинските територии, јави дописничката на МИА од Атина.
-Грција ја осудува одлуката за присоединување кон Руската Федерација на украинските територии (Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон), окупирани од руските воени сили. Оваа одлука е нелегална, бидејќи е флагрантно кршење на меѓународното право и неважечка.
Грција не ја признава, пишува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција. Додадоа дека „Грција продолжува да го поддржува, како основен принцип, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и на сите држави“, но и дека ќе продолжи да работи за „спроведување на правдата, како и за заштита на правата на грчката заедница во Украина“.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење