Грција ќе им додели државјанство и на сопругата и децата на Том Хенкс
Владата во Грција ја прошири својата понуда и ќе им додели почесно државјанство на американскиот актер Том Хенкс, неговата сопруга и двете деца во знак на благодарност за помошта на жртвите од пожарот во 2018 година.
Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос минатиот месец потпиша декрет за доделување на почесно државјанство на 63-годишниот Хенкс.
Повеќе од 100 луѓе загинаа во пожарот во јули 2018 година во близина на Атина.
Рита Вилсон, актерка, продуцент и сопруга на Хенкс, има грчко и бугарско потекло, и заедно со синовите често летниот одмор го поминува на грчкиот остров Андипарос, каде што имаат вила.
Хенкс двапати ја освои наградата Оскар за најдобар актер, за неговите улоги во „Филаделфија“ и „Форест гамп“.
Според грчкиот закон, почесно државјанство може да му се додели на лице кое има исклучителна заслуга или ако државјанство е во јавен интерес.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација