Грција излегува од програмата за помош
По три програми за помош и осум години тешки економски реформи под надзор на меѓународните организации, Грција денеска се враќа самостојно на пазарите, но и претстои уште многу работа.
Во изминатите осум години економска криза на Грција и се позајмени 289 милијарди евра од страна на ЕУ, Европската Централна Банка и Меѓународниот Монетарен Фонд.
-За првпат од почетокот на 2010, Грција стои на свои нозе. Ова беше возможно благодарение на извонредниот напор на грчкиот народ, добрата соработа со сегашната грчка влада и поддршката на европските партнери преку заеми и намалување на долговите, изјави Марио Челентано, претседавач на Европскиот механизам за стабилност.
Иако состојбата е подобрена во Грција, преку враќање на економскиот раст и пад на невработеноста, земјата ќе остане под надзор од европските партнери за своите реформи во наредните две години.
Ново на Сител
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија
-
Осквернавен споменикот на децата бегалци
-
Уште четворица повредени во пожарот во Кочани се враќаат во Македонија
-
Продолжија судењата против Мерко
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Финансова откри милионска проневера преку кумановска фирма за технички преглед