Грчкото МНР организира конференција за правните аспекти на Договорот од Преспа
За првните аспекти на Договорот од Преспа, историската и правната позадина, за имплементацијата, името, употребата, јазикот и државјанството, ќе дискутираат професори по право, историја, меѓународни односи од атинските и солунските факултети на конференцијата организирана од научниот совет на грчкото МНР.
- Целта на конференцијата е да има глобална, трезвена и плодна научна дебата во врска со сите правни прашања што произлегуваат од овој историски договор за решавање на спорот со ПЈРМ. Дискусијата ќе има 4 сесии и се очекува да придонесе во разјаснувањето на критичните концепти и правни термини, со цел целосно да се информира јавноста, соопштуваат од грчкото МНР.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, дискусијата ќе се одржи денес во Министерството за надворешни работи на Грција, предвидено е да трае 7 часа, а ќе заврши вечерва, со обраќање на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, кој ќе говори на тема „Оценка на Договорот од Преспа и стратешка имплементација“.
На првата сесија ќе се разговара за историската и правната позадина на договорот, втората е посветена на аспектите на договорот во однос на името и употребата, во третиот дел, професорите ќе дискутираат за прашањата поврзани со имплементацијата, а четвртата и последна сесија е посветена на договорот за решавање на спорот, државјанството и јазикот.
Ново на Сител
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба