Грчко МНР: Грција го поздравува падот на режимот на Асад во Сирија
Грција го поздравува падот на авторитарниот режим на Асад во Сирија, соопштија од грчкото МНР и додадоа дека потребно е веднаш да се обезбеди мирот во земјата и „непречено пренесување на власта кон демократски легитимирана Влада, заснована на резолуцијата 2254 на Советот за безбедност“, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за надворешни работи на Грција посочија дека го поддржуваат „единството, територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија“, нагласувајќи дека треба да постои заштита на сите цивили, вклучително и верските малцинства, како и верските споменици и богатото културно наследство, но и да е стави крај на бегалските бранови.
– Грција, од позицијата членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, како и со силните врски што ги има во арапскиот свет, ќе придонесе за што е можно поскоро враќање на мирот и просперитетот во Сирија, соопштија од грчкото МНР.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Секоја земја која неправедно постапува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини
-
Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во Камбрилс
-
Од 14 април почнува заедничката гранична контрола на граничен премин Долно Блаце-Елез Хан
-
Реакции поради пресудата за Марин Ле Пен
-
Забрана за сообраќај на возила на грчкиот остров Парос поради силното невреме
-
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
-
ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем“