Грчко МНР: Грција ги почитува одлуките на граѓаните на соседната земја
- Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но Грција го почитува изборот на граѓаните од соседната земја, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција во однос на резултатите од референдумот, кои ги коментираат како контрадикторни.
Во соопштението од грчкото МНР, објавено нешто повеќе од час и половина по завршувањето на гласањето велат дека, „Грција одблиску, но со соодветна дистанца, ги следи случувањата“, а исто така, „останува обврзана кон Договорот од Преспа“, јави дописничката на МИА од Атина.
„Резултатот од референдумот во поранешната југословенска Република Македонија, консултативен, а не дел од обврзувачките услови од Договорот од Преспа, е контрадикторен. Големо преовладување за „ЗА", но без соодветна излезеност. Голем дел од општеството на соседната земја го поддржаа договорот. Но, еден важен дел го гледа со скептицизам. Грција го почитува изборот на граѓаните на поранешната југословенска Република Македонија“, соопштуваат од грчкото МНР
Додаваат дека според нив, климата на национализам и сомнеж, секојдневните лажни вести и фанатизмот, не дозволувале да се направи трезвена проценка на големите придобивки од договорот и го спречуваат взаемното разбирање меѓу народите.
-Следните чекори потребна е трезвеност од сите страни, независно, за да се обезбеди позитивна динамика на Договорот од Преспа, додаваат од Министерството за надворешни работи на Грција, во соопштението за резултатите од референдумот.
Ново на Сител
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Ќе пропадне ли интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставен?
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Прва жртва на пожарите
-
400 невработени ќе може да се пријават за гаснење пожари, плата 24.000 денари
-
Скок на инфлацијата во јуни, премиерот наскоро најавува мерки
-
Олеснување на постапка за работни дозволи и престој на странци, како и пониски царини бараат странските компании од владата