Грчките земјоделци со симболични блокади на граничните премини Ники и Евзони со Северна Македонија
Неколкучасовни блокади на граничните премини Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, но само за камиони, најавија за денеска грчките земјоделци, кои продолжуваат со нивните активности во пресрет на утрешната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Земјоделците од северозападна Грција од 12 часот по локално време го затворија преминот Ники, но само за товарни возила, кои во најголемиот дел се камиони што пренесуваат лигнит, додека пак сообраќајот на автомобили од и кон Северна Македонија од грчка страна се одвива регуларно.
Блокадата според најавите се очекува да трае до 15 часот по локално време.
Земјоделците од северниот дел на земјата преку Поликастро претпладнево се упатија кон граничниот премин Евзони, со цел неколку часа да го блокираат сообраќајот на товарни возила, меѓутоа на неколку пат попатно наидоа на полициски блокови кои успеаја да ги избегнат преку локални и споредни патишта.
Кусо по 13 часот по локално време со тракторите стигнаа на граничниот премин, но според информациите на дописничката на МИА од Атина, до 13.30 часот по локално време сообраќајот и на автомобили и на камиони се одвиваше регуларно.
Претставници на земјоделците, вкупно 15 лица од цела Грција утре напладне ќе се сретнат со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Атина, а не е исклучена можноста доколку нема договор на утрешната средба, дополнително да ескалираат активностите и да резултираат со целосни блокади како на автопатите така и на граничните премини.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 981 случај во државава
-
Мицкоски: Се очекува ДУИ да преземе чекори за дестабилизација на државата
-
Комисијата за финансирање прифати само два амандмана - за исплата на администраторите на избирачкиот процес и за платено политичко рекламирање
-
Пожар предизвика застој на патот од Солун до Евзони, возилата се пренасочуваа кон Дојран
-
Суспензија и кривична за членот на обезбедувањето на Гаши кој извадил пиштол на скопскиот аеродром
-
Еуросупер БС 95 и дизелот поевтинуваат за половина денар
-
Курти: Официјалниот извештај ќе го расветли инцидентот со Османи на Скопскиот аеродром за никогаш повеќе да не ни се повторат вакви ситуации
-
Мицкоски: Османи е секогаш добредојдена, но секој подлежи на стандардни безбедносни проверки