Грчките археолози против изнајмувањето на антички столбови
Грчката влада изрази незадоволство од одлуката на Централниот археолошки совет, попознат како КАС, поради тоа што не дозволува британски Би-Би-Си да снима кај Храмот на Посејдон во местото Сунион.
Би-Би-Си бара да ги изнајми столбовите од храмот за тука да снима дел од сцените за серијата „Малата барабанџика“(The Little Drummer Girl) според истоимениот роман на Џон ле Каре во кој дел од настаните се случуваат во Грција.
Според владата одбивањето на КАС претставува „проблем на менталитетот“ и дека ваквите ставови ќе бидат изложени на „меѓународен потсмев“.
Оваа одлука на КОС е дел од долгиот список со решенија со кои е блокирано изнајмувањето на атнички локалитети за филмско или телевизиско снимање.
Минатата седмица ова тело ја одби модната куќа „Гучи“ да организира ревија од петнаесетина минути на Акропол во Атина и покрај понудата за тоа да бидат платени два милиони евра.
КОС најчесто како причина за забрана ја наведува заштитата на артефактите, но неретко се наведува и почитувањето на симболизмот на локалитетите, што пак доведува до остри полемики во грчката јавност.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија