Грчкиот заменик министер за финансии поднесе оставка
Грчкиот заменик министер за финансии Надиа Валавани го информираше премиерот Алексис Ципрас дека поднесува оставка од функцијата.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчкото Министерство за финансии денеска во соопштение информира дека писмото со оставка било испратено на 13 јули и ја објави целата содржина.
Валавани, меѓу другото, вели дека ја поддржала преговарачката група во петокот, бидејќи била сигурна дека нема да има договор.
- Јас се уште верувам дека нема да има договор. Дека тактиката на одредени кругови во Германија е целосно понижување на Владата и на земјата, вели Валавани во писмото и му се заблагодарува на премиерот што и дал можност „да им служи на напорите за ослободување“.
- Сакам да верувам дека борбата продолжува, заклучува таа.
Ново на Сител
-
Лејди Гага и Мајкл Полански планираат „скромна“ свадба
-
Прилеп - Градско и Ранковце - Крива Паланка готови до Нова година
-
Николоски: Поголемиот дел од автопатот Охрид - Кичево во функција до лето
-
Таравари: Утре првични информации за починатата родилка во Куманово
-
Болница Плодност: Со неверување ја примивме веста за прерано загинатите колеги, сочувство до семејствата
-
Ќе се испитуваат крв и урина од возачот на камионот
-
Снег во Словенија
-
Претреси во Кичево, пронајдена дрога