Грчки војници-Албанци добија по 60 дена затвор за фотографија на која со рацете прават орел
Седммина грчки воени регрути од албанска националност, кои се фотографираа како со рацете прават орел, добија казна затвор во траење од по 60 дена, јави тиранската телевизија Топ чанел.
Истиот извор наведува дека по 50 дена затвор тие добиле од началникот на Генералштабот на грчката Армија, додека другите десет дена им ги изрекол министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос, што претставува максимална дисциплинска казна во грчките Вооружени сили.
Како што јуави дописникот на МИА, казната доаѓа во време кога Военото обвинителство во Јанина ја продолжува истрагата околу ова прашање кое предизвика лавина рекации во Грција.
Седуммината регрути кои се фотографирани за време на воена вежба во базата во Месолоѓи, се товарат за кршење на правилата во армијата, за што е предвидена казна до пет години затвор.
Фотографијата, според албанските медиуми, тие ја направиле за време на одмор за да ја потврдат нивната национална припадност и оти нема никва позадина за некаква Голема Албанија, како што тврдат медиумите во Грција.
Генералштабот на грчката Армија потврди дека војниците, кои се со албанско потекло, но имаат и грчко државјанство, требало да положат заклетва на 2 февруари.
Инаку, деновиве албанските медиуми пренесоа дека од вкупно 86 илјади војници во Армијата на Грција, дури околу 12 илјади се од албанска националност.
Ново на Сител
-
МЗТ Скопје Аеродром ја одбрани титулата
-
Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за ланската година на 51. седница на Собранието
-
Средба на Јаневска со студенти и професори од кампусот на Државниот дуален универзитет Баден – Виртемберг во Манхајм
-
Бела куќа: Трамп и кинескиот претседател Си веројатно ќе разговараат неделава
-
ЕК утре ќе објави дали Бугарија ги исполнува условите за прием во Еврозоната
-
Земјотрес со јачина од 5,8 степени меѓу грчкиот остров Родос и турското крајбрежје
-
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-
Со мотор излетале од пат, тешко повредени двајца малолетници