-->
-->
Грчки коментатор доби отказ поради расистички коментари за Корејците
-->
Познатиот грчки спортски коментатор, Димостенис Кармирис, доби отказ од националната телевизија ЕРТ откако за време на пренос на еден пингпонгарски натпревар се чудеше како корејски натпреварувач гледа низ тесните очи.
Кармирис го коментирал мечот на грчкиот натпреварувач Панајотис Гионис со Јужнокореецот Џеунг Јанг-Сик кога се чудеше како корејскиот натпреварувач го гледа топчето бидејќи има тесни очи. И покрај ова, Џеунг го совлада Гионис со 4:3.
„Соработката на ЕРТ и Димостенис Кармирис е прекината веднаш по утринската емисија. На расистички изјави не им е место на јавната телевизија“, се вели во соопштението на ЕРТ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена