Грчки европратеник беше избркан од седница на ЕП
Атина, 9 март 2016 (МИА) - Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц денеска во Стразбур на пленарната сесија го избрка европратеникот на десничарската грчка партија „Златна зора“, соопшти грчкото радио „Скај“, пренесува БТА.
Повод за тоа беше говорењето на Елефтериос Синадинос, кој коментирајќи ја бегалската криза, ги опиша Турците како „валкани варвари“.
Синадинос изјави дека „Турчинот е како куче, кое лае, но бега кога треба да се исправи пред непријателот“, и посочи дека единствен начин за справување со Турците е со „тупаница и решителност“.
Поради неговите зборови, Шулц реши да го отстрани од пленарната сесија, што се случува првпат во Европскиот парламент, забележува „Скај“.
Според претседателот на ЕП, зборовите на грчкиот европратеник претставуваат „бесрамно нарушување на човековите права“.
Грчкиот европратеник ќе има можност подоцна да го искаже својот став, соопшти претседателот на ЕП.
Во минатото Шулц им даваше казни на европратениците за расистички изјави, потсетува ДПА.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите