Грчка бизнис делегација во Скопје на билатерален економски форум
Голема грчка бизнис делегација од агро-бизнис секторот, градежништвото, прехранбената, млечната, винската, хемиската и челичната индустрија, утре ќе учествува на билатерален економски форум во Скопје што го организира Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), под покровителство на Универзитетот Колумбија од САД.
Бизнис-делегацијата, предводена од Киријакос Лефакис, ќе престојува во Македонија два дена при што, покрај учество на форумот, ќе има и официјална средба со претседателот на ССК Данела Арсовска, какои со претставници на ССК. Планирани се и посети на неколку компании - членки на Сојузот на стопанските комори.
Билатералниот македонско-грчки економски форум се одржува како резултат на веќе воспоставените добри деловни релации меѓу организациите од двете земји. Во 2015 година, првпат од осамостојувањето на Република Македонија, ССК го потпиша првиот билатерален Договор за соработка по што се одржа и првиот грчко- македонски бизнис форум во Солун кој го отвори градоначалникот на Солун Јанис Бутарис.
Според програмата на форумот, по официјалниот дел ќе се одржат и Б2Б средби.
- Билатералниот економски форум е одлична можност за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, воспоставување повисоки облици на соработка, партнерства, заедничко учество на проекти како и настап на трети пазари, велат од ССК.
Воедно информираат дека престојот на стопанствениците од Грција во Македонија ќе биде проследен и од националните грчки медиуми кои се дел од бизнис делегацијата.
Ново на Сител
-
Давал пари на заем и наплатувал несразмерна камата, уапсен лихвар во Битола
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9