Бизнис
5. October 2015 - 19:49

Грантот за самовработување овозможил да се отворат над 7250 бизниси

Нови 400 тини лица со бизнис идеја ќе добијат пари  за да основаат свој бизнис. Дел од нив  денеска ги  добија сертификатите за поминатите обуки за претприемачи. За да почнат со бизнисот ќе добијат по 3000 евра грант.

Со државниот грант досега  се отворени  над 7.000 компании. Една третина се управувани од жени , а исто толку се отворени од  млади лица  до 29 години.

Од УНДП велат дека грантовите за самовработување се одличен концепт за да им се помогне на младите невработени лица да се вработат, како и да се поттикне развојот на малите бизниси, кои се темелот на економиите во  секоја земја.

За годинава за овој проект обезбедени се 3.2 милиони евра.