Границите на САД со Канда и со Мексико ќе бидат затворени до 21 јули
Копнените граници на САД со Канада и Мексико ќе останат затворени за непотребни патување најмалку до 21 јули, соопшти Министерството за внатрешна безбедност на САД.
Продолжувањето од 30 дена уследи откако Канада во петокот објави сопствено продолжување, што требаше да истече в понеделник и е во сила од март 2020 година, поради пандемијата со Ковид-19.
Минатата недела Владата на САД одржа состаноци со работни групи со Канада и Мексико.
Во соопштението на американското Министерство за внатрешна безбедност се вели дека забележан е позитивен развој во последните неколку недели и учествувале со други американски агенции во експертски работни групи во Белата куќа, со Канада и со Мексико за да утврдат услови под кои ограничувањата можат да се релаксираат безбедно и одржливо.
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима