Македонија
26. August 2019 - 11:32

Границата со Србија ќе се минува со една контрола

Се спојуваат граничните и царински контроли на Табановце и Прешево. Минувањето на српско-македонската граница ќе се спроведува на едно место.

Пасошката контрола и царинската управа од денеска ќе се спроведуваат на српската страна од границата.

Службите од македонскиот Граничен премин ќе се преселат во објектот на српските колеги.

На официјалната промоција на проектот "Оne Stop Shop" присуствуваа премиерите на Србија и Македонија, Ана Брнабиќ и Зоран Заев.

Согласни се дека новиот начин на минување на граничната линија ќе го преполови потребното време за извршување на контролите, а со тоа ќе се забрза и протокот на стока и патници.

Зоран Јаневски