Гранатиран украинскиот град Енергодар, во непосредна близина на нуклеарната централа Запорожје
Украинскиот град Енергодар, кој се наоѓа во близина на нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија, синоќа беше погоден од неколку гранати, јави ДПА. Москва и Киев разменија обвинувања за артилерискиот бараж. Двете страни објавија видео снимки на кои се гледаат многу автомобили запалени во станбени области на градот.
– Седум лица се повредени, од кои двајца потешко, изјави Владимир Рогов од руската окупациска администрација, пренесува ДПА. Тој посочи дека преку нападот Украина се обидува да ја спречи посетата на експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Украинскиот градоначалник на Енергодар, Дмитро Орлов, кој го напушти округот, рече дека тоа е провокација и дека зад нападот стојат руските сили. Тој ја обвини Москва за „нуклеарна уцена“ бидејќи во објектот се стационирани руски воени единици. Меѓународната заедница стравува дека борбите во нуклеарната централа Запорожје, која е најголемата нуклеарна централа во Европа, може да предизвикаат нуклеарна катастрофа.
Ново на Сител
-
Честитка од Цариградскиот патријарх г.г. Вартоломеј до архиепископот на МПЦ - ОА г.г. Стефан по повод неговиот именден
-
Рашфорд се враќа во тимот на Манчестер Јунајтед за дуелот со Арсенал
-
Мота: Јувентус треба да бара постојаност во резултатите
-
Судот за спортска арбитража во април ќе ја разгледа жалбата на ВАДА за Синер
-
Диало ќе остане во Јунајтед уште пет години
-
Еден допир со топката на Нејмар го чини Ал-Хилал над милион евра
-
Традиционалниот Василичарски концерт вечерва на сцената на Националната опера и балет
-
Американските компании донираат средства за настраданите од пожарите во Калифорнија