Свет
11. December 2022 - 8:22

Гранатиран Мелитопол, загинаа две лица

Најмалку две лица загинаа, а десет од нив се повредени во украински ракетен напад врз градот Мелитопол во областа Запорожје, соопштија проруските власти, пренесува Ројтерс.

Владимир Рогов, член на главниот совет на воено-цивилната администрација на регионот Запорожје, изјави дека е гранатирано одморалиште во тој град.

Шефот на воено-цивилната администрација на областа, Евгениј Балички, прецизираше дека одморалиштето било цел на ракетниот систем ХИМРАС.

Украинските власти потврдија дека во текот на ноќта извршиле напад врз Мелитопол на југоистокот на земјата, наведува британската агенција.