Македонија
10. January 2016 - 13:32

Граната пронајдена во село Богородица

Неексплодирана граната е пронајдена вчера во 08.30 часот во село Богородица.

Како што соопшти МВР, гранатата со калибар од 82 мм долга околу 40 см, е пронајдена во близина на фармата Кенди под далновод.

За настанот веднаш бил известен одговорниот од Дирекцијата за заштита и спасување во Струмица.