-->
-->
Гранада прв „Бенетон“ тим во Шпанија
-->
Фудбалерите на Гранада со 4-1 (3-0) го совладаа Бетис, но овој натпревар ќе влезе во аналите на шпанскиот фудбал поради тоа што првпат еден клуб изведе на теренoт играчи од 11 различни земји забележа шпанскиот спортски весник Marca. Нешто што порано му се случи на англискиот премиерлигаш Челзи кога медиумите во Англија тогаш го нарекоа Обединети бои на Бенетон или Бенетон.
Гранада во првиот меч од 23-то коло на шпанскиот шампионат во петокот вечерта поведе со 4-0 со головите на Карселa во 18, Рамос во 28 и 64 и Переира во 33 минута, додека почесниот погодок за Бетис го постигна Петрос во 75 минута.
И покрај победата, Гранада е во зоната на испаѓање од лигата, на 19-то место со 16 бодови, два помалку од 17-от Леганес кој е на последното место коешто обезбедува опстанок. Бетис, пак, е 13-ти со 24 бодови.
Но она што го одбележува Marca e тимот со кој настапи Гранада: голман Гилермо Очоа (Мексико), одбрана: Димитри Фулке (Франција), Гастон Силва (Уругвај), Свери Ингасон (Исланд), Мартин Онгла (Камерун), Ернандез (Шпанија), среден ред: Уче Хенри Агбо (Нигерија), Мехди Карселa-Гозналес (Мароко), Андреаш Переира (Бразил) и напаѓачи: Мубарак Вакасо (Гана), Андријан Рамос (Колумбија)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани