Гран-при за филмот „Види ја ти неа“ на Горан Столевски
„Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски освои Гран-при награда за најдобар интернационален краткометражен игран филм на 65. Мартовски - Белградски фестивал на документарен и краток филм.
Како што соопшти Продукцијата „Црна мачка“, организаторт на фестивалот им ја врачил наградата на продуцентите Кристијан Буровски и Димитар Минов.
Жирито го опиша филмот како „Силна критика на актуелните политички и психолошки моменти изразена преку бескомпромисен приказ на независната и позитивна хероина, која низ животот чекори одлучно и достоинствено. Ова е прецизно режиран филм и пример за силен, автентичен и впечатлив авторски израз и активен повик за преиспитување на стереотипите при претставување на жената во современиот филм.“
Белградски фестивал на документарен и краток филм, популарниот Мартовски фестивал е најстариот српски филмски фестивал и е еден од најдолговечните еврпски филмски фестивали. Од своето прво издание претставува најважна платформа на која домашните филмски автори може да ги претстават своите документирани, експериментални, анимирани и кратки играни филмови, пред публиката и гостите на фестивалот. Оваа година беа прикажани преку 120 филмови, во натпреварувачката програма и во ревијалниот дел, со прикажување на две светски премиери и премиери на сите српски долгометражни играни филмови.
„Види ја ти неа“ е приказна за младата девојка Анета, која се обидува да ги реши проблемите во семејството и училиштето вклучувајќи се во еден исклучиво машки верски ритуал, скокање по крстот за Водици.
Улогите во филмот ги толкуваат Сара Климоска, Игор Ангелов, Пируника Киселички, Антонија Белазелкоска, Милица Стојанова, Жарко Јовановиќ, Иво Антов, Виктор Арсов, Симон Манасковски, Изабела Новотни и Горан Илиќ.
Горан Столевски го напиша сценариото за филмот, кинематографер е Наум Доксевски, сценограф Влатко Чачоровски, костимограф Жаклина Крстевска, тонец Братислав Зафировски, а шминката е на Наталија Кајевска. Продуценти на филмот се Димитар Минов, Кристијан Буровски и Томи Салковски.
Филмот е во продукција на „Црна мачка“, а копродукција со Скопје Филм Студио. Филмот еше финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Следната фестивалска дестинација на филмот е на филмскиот фестивал во Виена 6. LЕТ’S CEE
Ново на Сител
-
Протест на земјоделците во Брисел со барање за „силен“ буџет за земјоделството
-
Кубилиус: Историските спорови не треба да се решаваат со блокирање на кандидатите за членство во ЕУ
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе им овозможи на кандидатите за членство целосен пристап до средства од инструментот „Глобална Европа“
-
Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп
-
Божиновска за ветерниот парк кај Штип: Силен сигнал за стабилни инвестиции и зелена транзиција
-
Медиуми: Франција и Италија одбиваат да купуваат американско оружје за Украина преку НАТО
-
ОЈО Битола постапува во случајот со примање поткуп во Болницата во Битола, повеќе детали се најавуваат за утре
-
Пожар од прскалка на роденденска забава во Свети Николе