Бизнис
12. May 2021 - 19:41

Граѓански Фронт: Да сопре продажбата на државно земјоделско земјиште по цена од 1 евро

Владата да ја повлече одлуката за продажба на земјоделско државно земјиште по најмногу евро за квадрат, бараат од ново формираната партија Граѓански Фронт. Ќе се продаваат големи површини земја, за која земјоделците немаат пари, па од партијата се сомневаат дека државното богатство ќе заврши  во рацете на неколкумина домашни олигарси или странци, кои би го разграбале националното богатство. Најавата дека продажбата ќе се врши во четири очи, отвора простор и за голема корупција, велат од партијата. Образложението на Владата за ваквата одлука е дека ќе има нови вработвања и ќе се соберат од 300 до 500 милиони евра, пари со кои ќе се враќаат стари долгови.

- Таа сума од 300 до 500 милиони евра е смешна наспроти реалната цена, малку се и 3 милијарди евра. Ваков стратешки русурс не смее да се продава. Распродажбата на државна земја е криминал, изјави Јордан Трајков, Граѓански фронт.

Предлагаат државната земја да се им распредели на сите граѓани, на рамномерен и фер начин. Само така би излегле од сиромаштијата во која се во моментов. Сите кои сакаат да ја спречат Владата во ваквата одлука ги повикаа на мирен  протест на 24 мај.