Граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија објави проглас: Дојде време за Четвртиот Илинден
Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија денеска ги повика граѓаните на мирен протест пред Владата во 17-часот.
Тие денеска на прес конференција објавија и проглас.
-Македонија има три ИЛИНДЕНИ, 1903, 1944 и 1991 година. Дојде време да го обзнаниме Четвртиот Илинден. Во сите три претходни, Македонците јасно и недвосмислено ја искажаа почитта кон сите оние кои живеат под ова небо. Дојде ред и на нас да ја покажеме таа взаемна почит. Ние, современиците на овој миг имаме должност да ги споиме тие вредности од минатото за доблесно, сите заедно, да се насочиме кон иднината. Ниту еден патриот не е против националните права, култура и традиционални вредности на својот сограѓанин, изјавија од иницијативата.
Тие англасија дека Македонија е модерна граѓанска република. Македонците Албанците, Србите, Ромите, Бошњаците, Турците, Власите и другите живеат во единствената матична држава на македонскиот народ, кој слично како и други народи од регионот и се уште во 21 век е соочен со негирање и дискриминација.
-Бараме ниту една политичка партија во Македонија да не ја потхранува и уважува дискриминаторската политика на одредени земји. Бараме ниту една политичка партија да не прифаќа платформи создадени за туѓи интереси, во туѓи држави, без изборен легитимитет чија цел е разнебитување на Македонија каква што ја знаеме. Уставот на Република Македонија е јасен и прецизен во однос на многу прашања кои се однесуваат на македонскиот идентитет и од него не отстапуваме. Бараме од сите наши политички партии да го почитуваат Уставот на Република Македонија и да се обврзат дека нема да работат на промена на името и суштината на нашата држава. Македонија е над сите интереси, беше изјавено на прес-конференцијата.
Ново на Сител
-
Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство
-
АСО: Граѓани наплатија над седум милиони евра од осигурување живот за пет месеци
-
Приведен 28-годишник од Тетовско баран по централна потерница
-
ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД
-
Сиљановска-Давкова на состанок со началникот на ГШ и министерот за одбрана