Граѓаните уште денеска имаат рок да ги потврдат или коригираат даночните пријави
Граѓаните уште денеска ќе можат да ги потврдат или да ги коригираат годишните даночни пријави. Ако тоа не го сторат, од 1 јуни Управата за јавни приходи ќе ги смета даночните пријави за конечни.
-По истекот на законскиот рок на 1 јуни 2020 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана, а службено ќе бидат потврдени и оние Годишните даночни пријави, кои од страна на физичко лице не се ниту потврдени, ниту коригирани, информираат од УЈП.
Годишната даночна пријава за 2019 година која граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на Решение за утврдување на данокот на доход за 2019 година.
Пријавата ги содржи сите приходи на лицето по основ на редовни приливи односно плата или пензија и приходите од дополнителна дејност. Граѓаните потврдата или корекцијата можат да ја направат преку своите кориснички профили на системот е-Персонален данок.
Управата за јавни приходи ги подготви и до граѓаните ги достави Годишните даночни пријави за 2019 година на 10 мај годинава.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар