Бизнис
8. December 2021 - 16:39

Граѓаните стравуваат, државата уверува дека кризата ќе се стабилизира

Стабилизација на цените во втората половина од идната година, тврди министерот Бесими. Сепак, Финансии засега не планира мерки во делот на нивните ингеренции. Бесими вели кризата е предизвикана поради недостаток на понудата. Мерките од монетарната политика, според првиот финансиер, може да доведат до дополнителна криза или стагфлација. 

-Проекциите и наши и официјални за наредната година се 2,4 отсто. 2021 ја завршуваме со 3 проценти. Од 2023 се проектира да на проценти. Така што, не се очекува понатаму да има тренд на продолжување на раст на цените. 

Ги прашавме граѓаните за очекувањата за цените. Велат, ситуацијата е тешка, но судбината сите мора да ја поделиме.

Цената на струјата од јануари ќе се покачи до максимум 10 отсто. Министерот Бектеши вели дека енергетската криза нема да се продлабочи доколку енергетските капацитети работат како што работат и сета.

-Да, вистина е дека енергетските компании побарале поголемо покачување. Можеби и 100 отсто, оти тие доставуваат барање до Регулаторната комисија за енергетика за да бидат прифатени одредени трошоци и во делот на систематските услуги и во делот на одржување на мрежата на нашата држава. Но, како одговорна Влада, како економски тим каде што веќе имавме неколку состаноци во рамки на Економскиот совет најдовме начин се со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните и цената нема да се зголемува над 10 отсто во следните шест месеци, вели Бектеши. 

За намалување на ефектите од електро-економската криза Владата досега донесе само времена одлука за замрзнување на цените. Коморите предупредуваат дека државата ќе мора да интервенира со стоковите резерви за да се спречат празни полици во маркетите. За замрзнување на ценити потребно е да се стабилизираат цените на суровите и репроматеријалите, како и гарантирана цена на струјата и гасот.