Македонија
4. јуни 2020 - 19:46

Граѓаните револтирани за забраната - владиците на МПЦ обвинуваат за поделби помеѓу верските заедници

Владата за едните е мајка за другите маќеа обвинува митрополитот преспанско пелагониски Петар. Ригорозните мерки кои повторно се воведоа за голем православен празник, владиката смета дека создаваат поделеност помеѓу верниците. Ја критикува Владата која за празникот на муслиманите дозволи посета на џамиите а за верските обреди на православните се закануваат со казни. Повардарскта епархија исто така ги повикува верниците од овие краишта да дојдат во дворовите на црквите на литургија за задушница. 

Со сличен став е и портпаролот на Синодот МПЦ ОА Тимотеј, тој вели за верниците од неговиот Дебарско Кичевски крај,  црквата е отворена. Ден пред празникот, верниците ги посетија вечните почивалишта на нивните најблиски. Не го криеја револтот од рестриктивните мерки.

Црквата им порача на сите верници кои нема да можат да оддадат почит на гробиштата, да дојдат било кој друг ден на молитва.

Овој викенд црквата ги празнува Задушница, утре и задутре кога им се оддава почит на упокоените за во недела е Духовден, кој се смета за роденден на црквата.