Граѓаните кои имаат потреба да пријават штета тоа да го сторат на бројот 195
Управувачкиот комитет за справување со кризи веднаш по земјотресот во 15 часот и 10 минути, кој што беше најсилен од денешната серија потреси, одржа состанок по кој упати повеќе препораки до граѓаните.
До завршување на состанокот, односно до 18 часот и 20 минути до отворениот телефон на Центарот за управување со кризи имало 80-тина јавувања. Граѓаните досега известиле за околу 30-тина штети кои се настанати во рамките на нивните објекти, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев по состанокот.
- Би го повторил она кое што го кажаа сеизмолозите, а тоа е сите оние граѓани кои што имаат потреба да пријават определена штета, тоа да го направат на отворениот телефон 195 или пак на мејл на ЦУК, за потоа тимови кои што се предводени од ИЗИИС да ги посетат истите овие објекти и да направат потоа увид во степенот на оштетување на определениот објект. Покрај тоа што граѓаните ќе можат да ги пријавуваат своите потреби за присуство на стручни тимови, Управувачкиот комитет ги задолжи сите општински кризни штабови во градот Скопје, како и кризниот штаб на Град Скопје, да извршат паралелно обиколка на сите определени места во нивната општина, особено во проверка на патната инфраструктура, инфраструктурата во делот на водовод, канализација, рече Ѓорѓиев.
Управувачкиот комитет апелира да нема лажни повици, и да се пријавува само ако има пукнатини на ѕидови и потпорни греди на тврди градби, а не на помошни простории.
На оние, пак, на кои им е потребна медицинска помош да се јават на бројот 194 наместо да одат во болниците.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата
-
Никако да се стави крај на нелојалната конкуренција
-
Стандардот, лошото здравство и образование и партизација, основни причини за иселувањето
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи