Граѓаните ќе платат од 1400 до 1500 денари за замена на регистарските таблички со ознаката „NMK“
Замената на регистарските таблички со ознака МК со нова НМК (NMK) граѓаните треба да ја направат во овластени станици за технички преглед, а тоа ќе ги чини од 1400 до 1500 денари. Министерството за внатрешни работи деновиве информираше дека граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката МК со ознаката НМК (NMK).
-Сопствениците на возилата треба да поднесат барање за промена на регистарски таблици во овластени станици за технички преглед каде врз основа на барањето на шалтерот на МВР се поднесува барањето за промена на регистарски таблици и од страна на референтот на МВР се издава нова сообраќајна довола и нови регистарски таблици на трошок на сопственикот на возилото. Цената на сообраќајната дозвола е 200 денари, а цената на регистарските таблици е 1200 до 1300 денари во зависност од обликот на регистарската таблица, информираат од МВР.
Сопственикот на возилото треба да приложи сообраќајна дозвола и регистарски таблици и важечка лична карта или ако сопственикот е правно лице тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија. Плаќањето се врши на пост терминал или на уплатница пп50.
Согласно Законот за возила, доколку возилото е во сообраќај со поинакви регистарски таблици од пропишаните предвидена е глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Приштина да направи отстапки за Србите да учествуваат на нови избори
-
СПМ бара оставка од министерот за здравство Меџити
-
Малолетници кај Романовце со тврди предмети гаѓале автобус во кој се превезувала фудбалска екипа
-
Полицијата уапси дилер на дрога од Велес - во неговото возиле пронашле кокаин и марихуана
-
Ограбени две обложувалници вчера во Скопје
-
Судан: Завојуваните страни постигнаа договор за 24 часовен прекин на огнот
-
Мета оценува дека решението за формирање ЗСО се наоѓа во почитувањето на договорите од Брисел и Охрид
-
Путин најави дека Русија во јули ќе почне да распоредува нуклеарно оружје во Белорусија