Граѓаните ќе може да се исклучат од системот за парно, ако докажат дека ќе се греат поефикасно
Секој граѓанин приклучен на парно греење ќе има можност да се исклучи само доколку системот што ќе го користи во иднина е енергетски ефикасен. Ова ќе биде дел од Предлог-законот за енергетска ефикасност што денеска како амандман беше прифатен на собраниската Комисија за европски прашања.
Амандманот го поднесе претседателот на Комисијата Артан Груби, а беше прифатен од министерот за економија Крешник Бектеши.
Граѓаниот ќе треба да обезбеди писмена согласност за исклучување од системот за централно греење или ладење од мнозинството од вкупниот број сопственици на посебни делови на зградата согласно Законот за домување.
– Во насока на обезбедување на чист воздух, а истовремено примена на мерки за енергетска ефикасност во иднина нема да има нерационални исклучувања од системот за топлинска енергија, велат од МИнистерството за економија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари