Граѓани од населби од Куманово бараат сопственици и општината да ги отстрани нефункционалните возила оставени на улици
Граѓаните од неколку населби од Куманово бараат несовесните сопственици на хаварисани возила да ги отстранат од улиците за да може непречено да се одвива сообраќајот и да се зголеми безбедноста на пешаците. На подрачје на градот, комуналната инспекција регистрирала 80-тина нефункционални возила, информираа денеска од инспекцијата. Вакви возила има насекаде во градот, оставени на зелени површини, на јавни површини.
– Минатата година заедно со СВР Куманово на територија на градот лоциравме околу 80-ина возила. За оваа година во процес сме заедно со јавното претпријатие Куманово паркинг за подигање на возилата и отстранување на одреден простор. Комуналниот инспектор составува записник и издава решение за отстранување. По определениот рок ако граѓанинот не постапи по издаденото решение комуналниот инспектор издава решение на давателот на услуга Куманово паркинг заедно СВР и го носат на место предвидено од општината. По истекот на 30-ина дена ако сопственикот не се јави согласно законот возилото се отуѓува. Согласно одлуката за комуналниот ред и Законот за јавна чистота се забранува оставање на хаварисаните возила на јавните површини и на зелените површини и се изрекува мандатна глоба од 50 евра, изјави, комуналниот инспектор од општина Куманово Владислав Трајковски.
Граѓаните од населбата „Гоце Делчев“ велат дека има поголем број на нефункционални возила кои ’рѓосуваат, паркирани се на тротоари, на улици и бараат од сопствениците, но и од локалните власти да ги отстранат.
Ново на Сител
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
15 цариници и 1 полицаец приведени во акцијата „Премин“ за примање поткуп
-
Села бара "балансер" во МАНУ
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски
-
Парното по стара цена, за струјата се прават анализи
-
Познатиот кардиологот Игор Балевски дел од тимот во клиничката болница “Аџибадем Систина”
-
Со дигитализација против корупција – Македонија не држи европскиот чекор со дигитализацијата
-
Мицкоски: Правичната застапеност ќе го гарантира и бадентерот и правото сите да добијат вработување