Бизнис
14. November 2019 - 16:34

Градското претпријатие за дистрибуција на парно нема да почне најмалку пред следната грејна сезона

Град Скопје и оваа грејна сезона нема да успее да ја преземе   дистрибуција на топлинска енерегија од  БЕГ.  Од регулаторна велат барањето за добивање лиценца е пристигнато, но  процесот е долг.  Ги добиле и мислењата од БЕГ , компанијата која во моментов ја врши  функцијата   и од ПУИК , но велат има уште работа.

Градоначалникот Шилегов пак се уште смета дека тоа може да се случи оваа грејна сезона. 

Од БЕГ  стојат на својот сват -  продолжуваат  да ги вршат обврските од лиценцата која е со важност од 35 години.

Дистрибуцијата на топлинска енергија БЕГ обезбеди сигурен почеток и реализација на грејната сезона и доследно ќе ги извршува обврските од лиценцата за целиот период на нејзиното важење до 2047 година, се вели во дописот од компанијата.

Пред извесно време владата донесе одлука дистрибутивната мрежа да се даде на трајно користење на Градот.

Градот Скопје  за да може да ја преземе дејноста формираше и свое претпријатие , ГЕС со основачки влог од 250 илјади евра.

На градко парно се приклучени околу 60 илјади домаќинства.