Градските автобуси со изменет возен ред за новогодишните и божикните празници
Автобусите од јавниот превоз во Скопје за новогодишните и божикните празници ќе сообраќаат по изменет возен ред. В понеделник на 31 декември автобусите од јавниот превоз ќе сообраќат по вообичаен делничен возен ред, а во вторник и среда на 1 и 2 јануари по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје.
Од 3 јануари автобусите од јавниот превоз ќе возат по вообичаен, делничен возен ред, но, имајќи во предвид дека во меѓувреме ќе започне и зимскиот училиштен распуст, возниот ред ќе биде редуциран. На 7 јануари (понеделник) автобусите ќе возат по неделен возен ред, соопшти ЈСП Скопје.
Ноќните линии на 31 декември (понеделник кон вторник) и 1 јануари (вторник кон среда), ќе работат по возен ред како во сабота према недела.
-Жичницата на Водно нема да работи на 31 декември, со оглед на тоа дека секој понеделник и последен вторник во месецот, се врши редовен сервис на објектот, а на 1 јануари ќе почне со работа од 11 часот. Поради техничкиот проблем на веб страницата на ЈСП Скопје, во делот за избор на датум на возниот ред, сакаме да напоменеме дека информации за возниот ред можат да се добијат и во Диспечерски центар на телефонот 3173-224, порачуваат од ЈСП Скопје.
Ново на Сител
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред