Градот Азбест во Канада го менува името
– Жителите на градот Азбестос во канадската покраина Квебек на референдум изгласаа промена на името на тоа место. Целта е да се дистанцираат од тој некогаш се присутен минерал, кој сега се смета за отровен. Вкупно 51,5 отсто од жителите на гратчето каде што некогаш се наоѓал еден од најголемите рудници за азбест во светот, гласаа за промена на името. Меѓу петте понудени, тие се одлучија за името Вал-де Сурс (Долина на Изворите).
– Тоа е име што ја претставува нашата област, а особено инспирацијата што ни ја дава за иднината, рече градоначалникот Иг Гримар. Градското собрание го потврди новото име, за кое сите жители на градот над 14-годишна возраст можеа да гласаат на референдум. Гримар изрази надеж дека новото име ќе стане официјално пред декември. Градот Азбестос има околу 7.000 жители и се наоѓа на 150 километри источно од Монтреал. Изграден е кон крајот на 1870-тите, откако во близина е отворен рудник за азбест.
Ново на Сител
-
Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното двотретинско мнозинство во Парламентот
-
Почина Дражен Далипагиќ
-
Тешко повреден 18-годишник во сообраќајка на регионалниот пат Демир Хисар – Битола
-
Приведен крадец од Скопје баран по потерница
-
Патник загинал, а четворица полицајци повредени во две последовални сообраќајки кај Крива Паланка
-
Хамас: Од 70 до 200 палестински затвореници ќе бидат депортирани од Појасот Газа и од Западен Брег
-
Промовирани 497 нови полициски службеници од генерација 2024-2025
-
Бела куќа: Итно е потребно продолжување на примирјето во Либан