-->
-->
Градоначалникот Трајковски го посети Ресурсниот центар и градинката „Искра“
-->
Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски го посети Ресурсниот центар на СОС Детско село, кој во изминатиот период беше целосно реновиран и оспособен за реализација на нови проекти.
Општина Гази Баба информира дека во овој центар се поддржуваат децата од семејства со висок социјален ризик, се прават активности кои се насочени кон млади и кои се во процес на барање на работа, а поради некоја причина се оневозможени во тоа. Се прави психо – социјална поддршка на деца, едукативна поддршка на децата додека нивните родители бараат работа и се дава помош при самовработување.
Градоначалникот Трајковски ја посети и градинката „Искра“ во Ченто, каде се планира реконструкција на објектот, за што се издвоени околу 3.300.000 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Македонија го достигна историски највисокото ниво на странски директни инвестиции
-
За викендот дожд и повремено снег
-
Дваесет и пет лица уапсени поради онлајн дистрибуција на детска порнографија генерирана со ВИ, соопшти Европол
-
Жена од Гостивар починала во Струга
-
200 кесички марихуана пронајдени кај малолетник од Скопје | ВИДЕО
-
Димитриеска Кочоска: Немав намера да навредам никого
-
Петрова: Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите
-
Сообраќајка во Струшко, тешко повредени возачите и еден сопатник