-->
-->
Градоначалникот на Штип доби закани по живот
-->
Вчера во 13.40 часот градоначалникот на општина Штип И.З.(56) пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“ извршено од страна на К.П.(59) од Штип.
Истиот ден околу 13.30 часот во кабинетот на градоначалникот на општина Штип дошла вработената А.Д., која му кажала дека од нејзината службена просторија без нејзино одобрение биле земени документи од страна на лицето К.П.
Веднаш било побарано од обезбедувањето да го отстранат К.П. од општината. За кратко време во Кабинетот на Градоначалникот ненајавено и без одобрение влегол К.П. и упатил сериозни закани по животот и телото на градоначалникот.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд