Градоначалникот на Фалсбург ја забрани употребата на лансерите на гумени топки против „жолтите елеци“
Според документ откриен од страна на регионалниот весник „Ле републикен Лоран“, градоначалникот на Фалсбург – град кој се наоѓа на седумдесетина километри западно од Стразбур, Дани Кошер, се потпира на барањето на ОН кои „бараат истрага за употребата на прекумерна сила во полицијата во Франција”.
– Тоа е симболичен декрет, законски немам власт над жандармите”, објасни Дани Кошер, градоначалник без партиска припадност. „Но, како граѓанин и набљудувач, сметам дека реакциите на владата се непропорционален одговор наспроти демонстрантите”, рече градоначалникот на градчето кое брои 5000 жители.
Безбедносните сили истрелале 13000 одбранбени гумени куршуми во форма на топки од почетокот на демонстрациите на „жолтите елеци” во ноември, објави денеска францускиот државен секретар за внатрешни работи. Лорен Нуњез, кој исто така рече дека во тек се 83 истраги поврзани со употребата на ова контроверзно оружје. Вкупно 2.200 демонстранти беа повредени во текот на сите досегашни демонстрации.
Во средата, Високиот комесар за човекови права на ОН Мишел Башле повика на „темелна истрага” за полициското насилство кое е забележано во текот на кризата со „жолтите елеци”.
– Ние не го чекавме Високиот комесар за да ги разјасни сите факти кога има поплаки, рече премиерот Едуард Филип.
Околу 100 истраги се отворени во Франција од страна на ИГПН по извештаите за наводно полициско насилство. Од синдикатите и здруженијата беа преземени повеќе активности за да се изнуди суспензија на употребата на лансерите на гумени проектили. Но сето тоа беше залудно.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд