Македонија
23. December 2019 - 14:17

Градоначалникот на Бутел во посета на центарот за рехабилитација на деца и млади во Топанско Поле

Градоначалникот Велимир Смилевски, денеска го посети дневниот центар на лицата од заводот за рехабилитација на деца и млади во Топанско Поле на кои им подари новогодишни пакетчиња.

Новогодишната прослава беше надополнета со четири роденденски славеници од заводот, а забавата ја надополни и пејачот Бени Шакири каде се пееја роденденски новогодишни песни.

Општина Бутел заедно со вработените лицата од заводот за рехабилитација на деца и младинци кво текот на целата година имаат тесна соработка и учествуваат на сите манифестации и активности кои ги организира општината.