Градоначалниците на Берово и Пехчево ги посетија дежурните институции за новогодишната ноќ
Градоначалниците на Берово и Пехчево ја реализираа традиционалната новогодишна посета на дежурните институции за новогодишната ноќ. По тој повод беровскиот градоначалник Звонко Пекевски ги посети Итната медицинска служба, полициските службеници од ОВР- Берово, пожарникарите во ТППЕ Берово, вработените во ОЈУСЗСЛ ,,др.Иван Влашки”, дежурната служба на филтер и пречистителната станица и службата за обезбедување во општинската зграда.
-Посетата ја искористивме, за да поразговараме за предизвиците кои ја обележаа 2021 година и за условите за работа. Службите добија пригодни подароци во знак на благодарност за нивниот посебен ангажман на новогодишната ноќ. На сите им посакав да имаат мирна новогодишна ноќ, а Новата година да им донесе лична и семејна среќна, многу здравје и професионални успеси, истакна Пекевски
Во Пехчево на почетокот од Новата година градоначалникот Александар Китански, направи обиколка и беше во посета на Полициската станица и службата за Итната медицинска помош. Подарувајќи им пригодни подароци од името на општина Пехчево, им посака мирна работна ноќ и многу здравје, успех, благосостојба, лична и семејна среќа, кажа Китански, најавувајки дека локалната самоуправа ќе направи максимални напори да им овозможи подобри услови за работа на овие служби.
Дежурните полицајци информираа дека ноќта поминала мирно, без нарушувања на мирот и безбедноста, а мирна ноќ без многу интервенции имале и дежурните екипи од службата за Итна медицинска помош во Пехчево.
Ново на Сител
-
Сочувство од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан до Патријархот Српски г.г. Порфириј за настраданите во Нови Сад
-
Почина Оливера Николова - авторката на Зоки Поки
-
Санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар
-
Почина Квинси Џонс
-
Човечки скелет без глава е пронајден во шума во БиХ
-
По поразот од Пелистер, Захариевски повеќе не е тренер на ФК Вардар
-
ЦУК: Четиринаесет пожари на отворено, 1 989 повици на 112 во последното деноноќие
-
Повредените во Нови Сад сè уште се во тешка состојба