Град Скопје: Зимските служби на терен
Екипи од зимската служба на Град Скопје се на терен и активно работат со цел булеварите и улиците под надлежност на градот да бидат чисти и проодни и да нема застој во сообраќајот поради снегот.
Град Скопје соопшти дека досега се исчистени булеварите „Словенија“, „Никола Карев“, „Босна и Херцеговина“, улиците „Радишанска“, „Павел Шатев“, улиците низ општина Шуто Оризари и низ населба Драчево, патот кон Детската клиника во Козле, патот од Горно Нерези кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, мостовите „Маџари“ и „Бардовци“, клучката кај хотел „Континентал“, последна автобуска станица на бр. 24 во Сопиште и населбата Даме Груев кон Новоселски Пат.
– Во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, додека другите улици се во надлежност на општините кои се задолжени за нивно чистење и одржување, наведува Град Скопје.
Ново на Сител
-
Медали за сите 7 вина на Монтеко на престижниот вински натпревар Декантер
-
Лицата со телесен инвалидитет бараат адаптирана плажа
-
Кој антички град се крие помеѓу прилепските села Волково и Прилепец, дали тоа е можеби градот Пелагонија?
-
Продажбата на ФК Брегалница – Штип, ги скара власта и опозицијата во градот
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево