Македонија
23. February 2024 - 9:19

Град Скопје во 50 градски институции со хуманитарна акција за лекувањето на Леонид Индов

Хуманитарна акција почнува од денеска во сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта во кои вработените и сите граѓани што ги посетуваат овие институции ќе може да придонесат за лекување на Леонид Индов, кој во моментов се наоѓа на лекување во Австрија, најавија од Град Скопје.

Дополнително, денеска во 12 часот, во средното училиште на Град Скопје „Георги Димитров“ ќе се одржи голем хуманитарен базар на рачни изработки од средношколци од сите 23 средни училишта под надлежност на Град Скопје.

Градот Скопје е град на солидарноста, хуманоста и грижата, за доброто на нашите деца и за најранливите категории граѓани на кои сме им најпотребни, се додава во соопштението.  

Од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ) вчера информиара дека нивната првостепена комисија на го одбила барањето за лекување на младиот Леонид Индов во болница во Австрија затоа што според Правилникот на ФЗОРСМ за начинот на користење здравствени услуги на осигурените лица во странство „медицинска рехабилитација“ не е на товар на Фондот.

По приемот на решението од Првостепената комисија, семејството на Леонид има право на жалба во рок од 15 дена до Второстепена комисија.  Младиот Леонид Индов во јули минатата година се повреди на летување во Грција. На 6-ти овој месец тој беше транспортиран со хеликоптер во здравствена установа во Австрија, на иницијатива на неговото  семејство.