Град Скопје: Продолжува чистењето на депонии
Продолжува чистењето и средувањето на над 120 мапирани депонии низ Скопје. На дивата депонија во Лисиче кај Усјански канал исчистени се вкупно 538 метри кубни на смет, шут и кабаст отпад и девастирана вегетација. Исчистена е вкупна површина од 1345 метри квадратни. Кај депонијата во Кисела Вода на улица „Христо Татарчев“ исчистена е површина од 506 м2 со исчистен и транспортиран смет, шут и кабаст отпад во депонијата Дрисла. Исчистената депонија е комплетно оградена со метални столпчиња и жица во висина од еден метар, информираат од Град Скопје.
Чистењето на дивите депонии во Скопје, како што е посочено во соопштението, е приоритет во заштитата на животната средина и намалување на загадувањето на средината, а со тоа и дополнително придонесување кон зголемување на аерозагадувањето во Скопје. За првпат се изречени големи казни за лицата и компаниите кои фрлаат нелегално отпад и оваа пракса ќе продолжи и понатаму. Неселективно ќе се постапува за сите оние кои го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните.
-Скопје ќе биде град без диви депонии и токму ова е еден од главните проекти на кој Град Скопје активно работи, во соработка со општините и јавните претпријатија под Градот. Град Скопје ги повикува граѓаните да бидат совесни и одговорни граѓани кои се грижат за животната средина, бидејќи само така можеме заеднички да придонесеме кон почисто, зелено Скопје за нас и за идните генерации, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД