-->
-->
Град Скопје: Не е неопходно целосно затворање на кејот кај изведба на мостот на Љубљанска
-->
Градот Скопје не смета дека е неопходно целосно затворање на кејот кај изведба на мостот на „Љубљанска“ од страна на инвеститорот и изведувачот.
-Сепак, треба да потенцираме дека во овој проект Град Скопје се појавува само како иден корисник, додека инвеститор на проектот е Владата, финансиер е ТАВ Македонија, а изведувач на проектот е ТАВ ТЕПЕ АФКЕН, а како подизведувач е ангажирана компанијата ГРАНИТ АД Скопје. Реализацијата на овој мост е дел од проектот на Владата за промена на намената на средствата од концесискиот договор со ТАВ Македонија, кои требаше да бидат искористени за карго аеродром во Штип и наместо тоа, се инвестираат во проекти од локално значење, велат од Град Скопје.
Оттаму појаснуваат дека, согласно обврските од договорот, Градот Скопје, единствено претставува иден корисник на проектот, што всушност произлегува од законските надлежности за управување со улици во надлежност и во конкретниот случај, ниту се јавува како инвеститор, ниту како финансиер или изведувач.
-Во конкретниот случај, Градот воопшто не беше консултиран за затворање на кејот и спортско рекреативната патека и тоа е сторено од страна на изведувачите, соопштуваат од Град Скопје.
Од локалната власт истакнуваат дека техничките решенија мора првенствено да обезбедат безбедно и сигурно движење на кејот и Градот Скопје не смета дека е неопходно целосно затворање на тој потег на кејот.

-Сметаме дека, водејќи се од приоритетот за безбедноста на граѓаните, треба да се разгледаат повеќе технички издржани решенија од инвеститорот и изведувачот, со кои би се излегло во пресрет на барањата на граѓаните, нагласуваат од Градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шеќеринска: Патувањето кон членство во алијансата не е секогаш едноставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија под снег
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира