Македонија
17. March 2017 - 13:30

Грабеж на бензинска во Скопје

Непознат маскиран сторител ноќеска два часа по полноќ извршил разбојништво над вработените на бензинската пумпа на ул. „Кемал Сејфула“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, сторителот со закана со пиштол ги одзел чантите во кои имало околу 11.000 денари по што побегнал во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.